Centar.mk
фото: МТСП/скриншот/7.11.2025
МАКЕДОНИЈА

Дрекслер: Нема да има нови билатерални прашања за Македонија на патот кон ЕУ

Осврнувајќи се на евроинтегративниот прцес во државата, германската амбасадорка во Скопје, Петра Дрекслер во интервју за 360 степени рече дека тие се свесни дека Македонија измина долг пат кон интегрирање во ЕУ и дека тоа можеби значи и губење на довербата кон Унијата.

Запрашана за коментар за изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека е разумно да и се дадат гаранции на Македонија дека нема да има нови билатерални барања во текот на пристапните преговори Дрекслер посочи:

„И министерот за надворешни работи Вадефул за време на неговата посета во Скопје афирмира уште еднаш дека оваа земја измина многу долг пат во насоката кон ЕУ. И да, и ние сме свесни дека на патот, кој толку долго трае, се изгуби довербата. Тоа значи дека заедно мораме да работиме на тоа и сакаме повторно да ја воспоставиме довербата. За тоа се залага и Германија“

Во интервјуто, Дрекслер посочи дека Македонија и Германија имаат инзвонредни односи не само на ниво на влади, туку и ниво на општества.

фото: МТСП/скриншот/7.11.2025

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК