Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две лица во жесток конфликт: прво во болница, па потоа уште еден напад на автобуска постојка!

На 17.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца возрасни лица (едно од Скопје и едно од Демир Капија).

Исто така, во 20:00 часот било пријавено дека на автобуска постројка на бул. „Александар Македонски“, истото лице од првата пријава се обидело насилно да влезе во автобус каде се наоѓала другата вклучена страна, а по одбивањето на возачот агресивно се однесувало кон него.

По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

error: Соддржината е заштитена.