Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

УХМР со МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Времето значително се менува

Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.

Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

ДЕСК

Филипче: Највувам кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши за кршење на Деловникот

ДЕСК

Младите не бараат чудо, туку живот: Македонија повторно се соочува со прашањето зошто најдобрите си заминуваат

ДЕСК