Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лудо утро на патиштата: Еден возел 94 km/h во град, друг со 1,54 промили зад волан!

На 16.11.2025 во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода лице(40) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

На 16.11.2025 во 04:15 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода лице(41) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

error: Соддржината е заштитена.