Познато е дека јаглехидратите најмногу влијаат на вишокот килограми, бидејќи нивната прекумерна количина се складира во телото во облик на масти, односно сало. Токму поради тоа, исхраната без јаглехидрати е смислена како би го поттикнала организмот да ги троши мастите и да ги користи масните наслаги како извор на енергија – со што би дошло до губење на килограми.
За творец на оваа диета без јаглехидрати се смета научникот Аткинс, па и затоа оваа диета често се нарекува Аткинсова диета.
Целосно исклучување на јаглехидратите од исхраната, или со ограничување на внес на само 15-20 гр дневно, е првата ставка на која би требало да се придржувате. Освен тоа, неопходен е значителен внес на протеини, како и витамини А, Ц, Е и Б, магнезиум и калциум.
Прв ден:
Доручек: омлет со зеленчук, пржен на маслиново масло. Зеленчукот може да се пропржи, но нјдобро е да се јаде во свеж облик
Ручек: чорба или супа од зеленчук, јадење од скара, прилог од зеленчук или печурки
Вечера: јогурт, една рака шумско овошје и бадеми
Втор ден:
Доручек: јајца со сланина
Ручек: плескавица без леб, салата од зеленчук
Вечера: лосос подготвен на маслиново масло и грилован зеленчук
Трет ден:
Доручек: две пржени јајца на путер, печурки или зеленчук, чај
Ручек: салата од морски плодови
Вечера: месо со зеленчук подготвено на скара
Четврт ден:
Доручек: сардина или туна во конзерва
Ручек: варен зеленчук и парче мисиркино месо
Вечера: говедска шницла и салата
Петти ден:
Доручек: јајца со сирење
Ручек: печен батак со малку маслиново масло
Вечера: пржени парчиња свинско со зеленчук