12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петер Стано ги повика Белград и Приштина итно да седнат на преговарачка маса

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, ги повика Белград и Приштина да создадат услови за продолжување на дијалогот.

„Работата на дијалогот е во тек. Изминативе недели повеќепати изјавивме дека од страна на ЕУ постои јасно очекување страните да преземат многу добро дефинирани чекори за деескалација и да создадат услови за продолжување на дијалогот“, рече Стано.

Тој ја нагласува важноста од продолжување на дијалогот, како и фактот дека сѐ уште не е утврден точниот датум на лидерската средба.

Специјалниот претставник за дијалог, Мирослав Лајчак, кој денес престојува во Белград, неодамна потврди дека новата лидерска средба ќе се одржи во текот на септември.