Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

149 санкционирани возачи во Скопје, 31 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, шест санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ: Кривична пријава за мажот кој насилно упадна во студиото на “Инфомакс”

ДЕСК

Неочекувано топли денови ни доаѓаат — еве што нè чека до 15 декември

ДЕСК

Утре сончево време со температура до 15 степени

C +
error: Соддржината е заштитена.