12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се сруши српски авион

Авион на српските военовоздухопловни сили се срушил во близина на Ковачица, јавува Б92.

Според Вечерни новости, авионот кој се срушил бил од типот Супер-галеб Г4.

Според неофицијални информации, пилотот и копилотот се катапултирале од леталото, а еден од нив загинал додека другиот со тешки повреди е префрлен во болница.

Од леталото до командниот центар не е пријавен никаков проблем за време на летот, но шителите на местото каде што се срушил авионот тврдат дека се слушнало кога моторот на авионот престанал да работи па се срушил.