23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Започна процесот на преговори со ЕУ, пропаднаа лагите за наводна асимилација и бугаризација

Соопштение на СДСМ:

Република Северна Македонија по 17 години во чекалната, ги започна преговорите за членство во Европската Унија.

Со првата меѓувладина седница и со скрининг процесот кој е во тек Северна Македонија го отвори направи историски исчекор кон реализација на стратешката цел – членството во ЕУ.

Преговорите се водат на македонски јазик, со чиста формулација, без никакви фусноти и додавки, со заштитен македонски јазик и со историски прашања надвор од преговарачкиот процес.

Со тоа пропаднаа сите лаги за наводна асимилација и бугаризација, за загрозување на македонскиот идентитет што хистерично ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ.

Времето покажа дека сите такви лаги служеле единствено за да се попречи напредокот на државата и таа да се врати назад во изолација и неизвеснот.

Сега, потребно е сите да се вклучат во процесот на преговори, потребните реформи да бидат донесени за преговарачкиот процес да заврши што побрзо.

Македонската иднина е европска и неа не може никој да ја загрози.