Пресудата за предметот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој предмет осуден е криминалецот во бегство, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а судот донесе одлука да се заплени Белиот дворец и уште триесеттина имоти на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека по правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните.
Тоа е правично и праведно, парите да се вратат кај граѓаните, затоа што тоа се пари на граѓаните.
Во тој луксузен дворец проценет на седум милиони евра, има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, теписон од 20.000 евра, вазна од 180 000 евра.
Тоа се сериозни средства кои во време на светска економска криза можат да се искористат за помош кон граѓаните и домаќинствата.
По пресудата ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе немаат право, ниту образ да зборуваат за било што а особено не за економијата и животниот стандард на граѓаните.
Судски пресуди потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, очигледно се уште раководена од Никола Груевски, која не може да излезе од режимско криминалната матрица, се вели во соопштението.