Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: ОД 2 СТЕПЕНИ НАУТРО ДО СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – Македонија влегува во студен период

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Прогноза за 15.10.2026
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 16.10.2026
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 17.10.2026
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.