Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

191 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 39 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за возач почетник, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПУКНА НОВО НЕСОГЛАСУВАЊЕ ВО ВЛАСТА – ЗНАМ со порака до ВРЕДИ за правосудниот испит

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА БУРА ОКОЛУ „АЛТА БАНКА“ – Филипче со прашања до Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ возврати

ДЕСК

ОДЛУКАТА СЕ БАРА ВО ВЕНЕЦИЈА – Владата побара меѓународно мислење за правосудниот испит

ДЕСК