Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го претстави годишниот извештај на Владата пред Саборот, со фокус на економијата, платите, пензиите, инфлацијата, домувањето и безбедноста.
Меѓу најавените мерки е укинување на данокот на доход на пензиите од 1 јануари, како и зголемување на еднократната помош за новородено дете на 800 евра.


