25.8 C
Скопје
18. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Москва ќе одговори на протерувањето на рускиот дипломат од Црна Гора

Русија ќе одговори на одлуката на Црна Гора да го прогласи рускиот дипломат за персона нон грата, изјави денеска Јури Филипсон, директор на четвртото одделение за Европа во Министерството за надворешни работи на Русија.

„Во Црна Гора локалните власти прогласија еден руски дипломат за непожелен. И тоа не е изолиран случај од претходните години. Одговорот сигурно ќе следува“, изјави Филипсон за „РИА новости“.

Руската амбасада во Подгорица на почетокот на март доби нота од црногорското Министерство за надворешни работи, во која еден од руските дипломати е прогласен за персона нон грата поради наводно прекршување на дипломатските норми.