7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Совет злато вреден: Познат готвач откри трик за полесно подготвување храна

Познатиот готвач Џејми Оливер сподели еден од неговите корисни совети за сите љубители на кулинарството.

При пржење на храната, често се случува маслото да прска, што може да направи неред во вашата кујна, а капка врело масло може да биде болно.

За да се спречи прскање масло, познатиот готвач предлага да се додаде малку сол во маслото пред да се пржи.

Солта во ладното масло ќе спречи прскање кога ќе се загрее, но уште една работа е многу важна – пред пржењето треба добро да ја исушите храната, за да нема капки вода на површината.

Исто така, препорачува да користите подлабоко тавче за пржење, а доколку немате во домаќинството, користете тенџере.

Повеќе од 20 години Оливер е едно од најпознатите имиња во телевизиското готвење. Познат како одличен готвач, бизнисмен и човек со широко срце, често споделува кулинарски совети со следбениците на социјалните мрежи, но и за време на емисиите.

Можеби ќе ве интересира

Ѕвездите му се наклонети: Овој хороскопски знак ќе заработи многу пари во август

ДЕСК

Тие се богати секогаш – Хороскопски знак кому пари му доаѓаат од секаде и во секое време

ДЕСК

Дневен хороскоп за 7-ми август 2025

ДЕСК