Centar.mk
Uncategorized

Мицкоски најави проветрување во Владата: Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри, напролет ќе има промени во Владата и државните институции

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри и најави дека набрзо, односно напролет ќе има промени како во Владата, така и во државните институции.

„Мојот предлог денеска е доставен до Собранието, а тоа се Мухамед Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали кој ќе биде министер за европски прашања и потпретседател на Владата“, изјави премиерот Мицкоски.

Во однос на Министерството за здравство, премиерот Мицкоски посочи дека во моментов нема да има промени иако секогаш има простор за напредок и секој треба да добие шанса, но тој цени дека до овој момент Азир Алиу пристојно си ја врши својата работа.

Премиерот Мицкоски додаде дека после партискиот конгрес и сите преструктурирања ќе има промени и во Владата и државните институции за формирање на тим кој ќе го носи товарот до следните избори.

„После конгресот после сите преструктурирања во рамките на партијата напролет очекувам некаде да имаме и освежување во рамките на Владата, прегрупирања, догрупирања, доекипирања, проширувања и во рамките на државните институции, така што ова е тој грантограм кој во следниот период како претседател на Влада и доколку ја добијам довербата на делегатите, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ не очекува. Формирање на овој тим кој потоа треба да го понесе и изнесе товарот до следните парламентарни избори“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Дали чесниот работник стана најголемиот губитник во Македонија?

ДЕСК

Кривична пријава за маж во Куманово

ДЕСК

Филипче за роденденот на СДСМ: Нова борба за праведна Македонија!

ДЕСК