Centar.mk
МОЗАИКТЕМА

Не сте единствените ако ви се случува ова: Откриено е за што најчесто се караат паровите

Новото истражување покажа дека парите се коренот на повеќето несогласувања во љубовните врски.

Истражувањето било спроведено меѓу 2.000 луѓе во Велика Британија, а 62% од нив изјавиле дека најчесто се караат со партнерите поради пари.

Прекумерното трошење беше главната причина поради која се разгореа кавгите. Осигурителната компанија Royal London изјавила дека 33% од луѓето веруваат дека се неспоиви со партнерот кога станува збор за трошење и штедење.

Секој четврти човек смета дека партнерот е неодговорен кон парите. Приближно една третина (75 проценти) од луѓето ги чуваат сите пари на посебни сметки, додека само 24 проценти од паровите чуваат сè на заедничка сметка.

– Иако ова не изгледа како романтична тема, важно е да разговарате со партнерот за пари бидејќи во спротивно се повеќе ќе се карате. Ако нема разговор за пари, еден човек ќе се увери дека неговиот начин на справување со финансиите е сосема исправен и нема да разбере зошто партнерот го нема истото мислење – изјави финансискиот специјалист од Royal London, Сара Пенелс.

– Клучот за хармоничен однос е да се зборува за финансиите. Треба да се договорите за начинот на кој ќе ги третирате парите што најмногу ви одговараат, дури и ако тоа вклучува компромис – додаде таа.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 22 мај 2026 година

ДЕСК

После две тешки години, овој хороскопски знак конечно ќе види среќа

ДЕСК

Со години ја чекаа среќата: Овие два хороскопски знаци влегуваат во најубавиот период од својот живот

ДЕСК