В понеделник во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Локално ќе има и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд.
Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава, каде е можно да наврнат околу 25 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.
Потоа во наредните денови ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини од снег.
Дневната температури ќе има тенденција на опѓање, но од петок повторно ќе се покачува.