10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ одвојува една милијарда евра за помош на Авганистан

ЕУ ќе одвои една милијарда евра за поддршка на луѓето од Авганистан и соседните земји со цел да се решат итните потреби во земјата и регионот, објави Европската комисија.

ЕК наведува дека социо-економската ситуација во Авганистан се влошува поради што стотици илјади Авганистанци се доведени во опасност со приближувањето на зимата и дека хуманитарната помош нема да биде доволна за да се спречат гладот и големата хуманитарна криза.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, нагласува дека мора да се стори сѐ за да се спречи хуманитарен и економски колапс во Авганистан.

„Јасни сме за нашите услови за секој ангажман со авганистанските власти. Но, авганистанскиот народ не треба да ја плати цената на талибанската акција. Затоа ова е пакет-поддршка за авганистанскиот народ и соседните земји кои беа првите што им помогнаа“, рече Лаен.

Од Комисијата велат дека долгорочно ќе ги поддржат оние земји членки што ќе одлучат да ги прифатат Авганистанците во ризик.