24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКИЗБОР

Многумина веруваат дека ЦРНАТА МАЧКА НОСИ НЕСРЕЌА, но САМО ВО ЕДЕН СЛУЧАЈ таа носи СРЕЌА!-Еве и кога

Античките Египќани обожавале мачки, дури и црни. Но, во Европа тие беа демонизирани, а последицата од старите верувања е дека и денес црните мачки се најтешки да се посвојат во засолништата. Многу приказни и филмови се посветени на црната мачка, па затоа таа ретко е симбол на нешто добро.

Значењата поврзани со црната мачка во историјата се многу контрадикторни. Според христијанското верување, ако црна мачка ви го пресече патот, таа се смета за демон што создава злобна пречка да не оддели од Бога. Затоа црните мачки се сметаат и за лоши миленичиња. Во средновековна Европа, тие се сметаа за знак кој најавува несреќа. Црните мачки беа поврзани со ѓаволски суштества и вештерки, а мачката што ви го премина патот беше знак дека самиот ѓавол ве гледа.

Сепак, во некои култури, црна мачка е знак на среќа. На пример, ако црна мачка се движи во ваша насока, се верува дека носи среќа, затоа не ја бркајте. Во Шкотска, ако во вашата куќа се појави црна мачка, тоа е знак на претстојниот просперитет. Во Јапонија, црната мачка се смета за знак на среќа. Поради различните претпоставки за црните мачки, во засолништата за животни е сè потешко да се посвојат црни мачки од година во година, а се повеќе од нив се успиваат. Од друга страна, сè повеќе засолништа избегнуваат да посвојуваат црни мачки во текот на октомври заради Ноќта на вештерките. Постојат голем број случаи во кои луѓето ги усвојувале во октомври за да бидат „жива изложба“ на разни забави за Ноќта на вештерките, по што ќе бидат вратени во прифатилиште или повторно да бидат оставени на улица.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Двајца загинати во несреќа на Дунав кај Белград

M T

Две од децата повредени во несреќата во Бугарија ќе бидат пренесени во Софија

M T

Најмалку шестмина загинати а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

M T