Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината..
Во вторник насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.
Прогноза за 22.06.2021
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските подрачја. УВ=8
Прогноза за 23.06.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец УВ=9
Прогноза за 24.06.2021
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. УВ=9