22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

“Паднаа” припадник на АНБ и полициски службеник во униформа – Детали за апсењето

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица И.А. (30) и А.Р. (40) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Измама“ по член 247 во врска со чл22 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, вработен во АНБ во договор со второпријавениот, како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, со намера да се стекнат со противправна имотна корист оствариле средба со оштетениот М.А. и неговиот внук Р. А., на која изнеле невистинити податоци со што ги довеле во заблуда оштетените.

Имено, пријавените со лажно прикажување на факти кои се однесуваат на нивниот идентитет и лажни инкриминирачки информации за правно лице, побарале парична награда во износ од 3.000 евра како би му помогнале да се избришат податоци.

За да издејствуваат парични средства, пријавените во неколку наврати преку телефонски повици и пораки барале остварување на нова средба кој се случила на 08.12.2020, каде оштетениот им исплатил дел од побараната парична награда односно 600 евра. Двајцата осомничени се приведени и предадени на обвинителството со соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ

M T

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МВР на Република Северна Македонија и Генералниот инспекторат на безбедносните сили на Чешката Република

M T

„Слави со срце, не со оружје“ – кампања на МВР и УНДП против пукањето на веселби

M T

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

МВР и Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција се приклучија кон кампањата на UNODC – „Use and Abuse of Technology”

M T