Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег и дожд најавија синоптичарите – УХМР издаде метеопредупредување, детална прогноза за времето

Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во западните и северните делови.

Кон крајот на денов, како и утре ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура утре ќе се намали.

Во утринските и претпладневните часови се уште ќе има повремен слаб дожд, на повисоките места и планините слаб снег, а можна е изолирана појава на замрзнат дожд.

Прогноза за 01.12.2020
Минимална температура: -11°C до -3°C
Максимална температура: 4°C до 9°C
Претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Прогноза за 02.12.2020
Минимална температура: -9°C до 0°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Претежно облачно, попладне со локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 03.12.2020
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 11°C
Облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Болниците се консолидираат, намалуваат наследени долгови и добиваат засилување, над 950 нови лица во здравствениот систем

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ се “пере” за пожарите со обвинувања – Во најголем дел пожарите се намерно подметнати, затоа прашуваме која е придобивката на СДС која се радува на нив?

ДЕСК

Гори на 17 локации низ Македонија – пожарите не стивнуваат

ДЕСК