Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Мицкоски и натаму молчи со кои структури во Бугарија цело време соработува – СДСМ вечерва повторно го прозва

Цел ден Мицкоски молчи и се крие зад партиски соопштенија, не одговара на јавно поставените прашања, со кого тајно соработува во Бугарија?, прашуваат од СДСМ.

– Цел ден Христијан Мицкоски се крие и не дава одгвори на јавно поставени прашања. Наместо одговор, тој се уште се крие зад партиски соопштеие полни со гнев и омраза.

Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал информацијата дека наводно се распарчува државата?

Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници?

Ако знаел дека се подготвува нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции?

За кои центри и чии интереси одработува Мицкоски?

Наместо да се затскрива зад соопштенија од белиот двроец, Мицкоки треба да покаже минимум одговорност да излезе пред граѓаните и да даде одговор на овие прашања, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК