Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Сончево со температура до 24 степени

Времето ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

В недела во западните делови ќе има краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време, ноќите ќе бидат студени, дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа во благ пораст.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ СКОПЈЕ: Се апси на повеќе локации

ДЕСК

Пронајдени мигранти, лишени од слобода двајца криумчари, следува пријава

ДЕСК

Претрес во Богданци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК