Centar.mk
СВЕТ

Трамп за уривањето на дел од Белата куќа: „Тоа е музика за моите уши“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли критиките поради уривањето на дел од Белата куќа за изградба на нова балска сала, изјавувајќи дека звукот на градежните машини е музика за неговите уши, пренесе Хина.

Демократите, меѓу кои и Хилари Клинтон, го обвинија дека не ја почитува претседателската резиденција откако багерите го урнале источниот дел каде што се наоѓаат канцелариите на првата дама.

„Градиме балска сала од светска класа. Кога го слушам тој звук, ме потсетува на пари — или поточно, на нивно отсуство, затоа што јас плаќам за тоа,“ изјавил Трамп, додавајќи дека делумно самиот ги финансира работите, додека остатокот ќе го покријат приватни и корпоративни донатори.

Хилари Клинтон го осуди проектот, порачувајќи: „Тоа не е неговата куќа. Тоа е вашата куќа. А тој ја уништува.“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

САЈБЕРНАПАД ВРЗ ДРЖАВНИ БАЗИ ВО МОЛДАВИЈА – Премиерот се сомнева во вмешаност на странска држава

ДЕСК

ТРАМП НАЈАВИ КРАЈ НА ВОЕНАТА ПОМОШ ЗА ИЗРАЕЛ – Вели дека исплатите би запреле до крајот на годината

ДЕСК

НАЈАВЕНИ РАЗГОВОРИ ВО АБУ ДАБИ – САД ќе посредуваат меѓу Украина и Русија

ДЕСК