Centar.mk
фото Screenshot/МВР
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Богданци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 21.10.2025 во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода лице(54) од Богданци. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

ЈА НАПАДНАЛ СОПСТВЕНАТА 81-ГОДИШНА МАЈКА – Приведен 61-годишен прилепчанец

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ – Мотоциклист повреден во судир со БМВ

ДЕСК

ГО НАПАДНАЛ ТАТКО МУ И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ – Кривична пријава против 38-годишник во струшко

ДЕСК