22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Димитров: ЕУ не ја заслужува придавката европска ако дозволи македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денес изјави не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција.

„Ако Европската унија дозволи македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција, тогаш таа нема да ја заслужи придавката Европска и не знам дали ќе можеме да ѝ веруваме на таква ЕУ. Мора мудрост и почит и нема пријателство без заедмна почит“, смета Димитров.

Според него, сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели мора не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, а тоа е дека ние зборуваме македонски јазик.

„Без елементарна почит не може да се развие блискост или пријателство. Никој друг на светот, ниту една друга држава, ниту соседна ниту подалечна, па ниту меѓународна организација нема право да се меша во нашето самоопределување“, изјави Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T