7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

МНОГУ ПРОИЗВОДИ ЌЕ БИДАТ ПОЕВТИНИ ЗА 18%: Секој граѓанин ќе може да си врати до 4.500 денари платен ДДВ доколку потроши 500 евра во викендот без ДДВ

Премиерот Зоран Заев, најави дека мерката “Викенд без ДДВ” ќе се реализира на 10,11,12 октомври односно за време на продолжениот викенд.

Секој граѓанин ќе може да пазари домашни производи и услуги во вредност од 30.000 денари за едно лице, притоа можност за поврат на ДДВ ќе може да се искористи и за компјутери и други ИТ производи.

Откако граѓаните ќе ги скенираат сметките во вредност од 30.000 денари во својата мобилна апликација “МОЈ ДДВ”, по неколку дена на нивните трансакциски сметки ќе им биде вратен 100 отсто од ДДВ.

Пример доколку купите производи во вредност од 30.000 денари, би добиле максимален поврат на ДДВ од околу 4500 денари доколку сите производи се даночат по стапка од 18 отсто.

Со оваа мерка, се очекува според прогнозите во македонската економија да се инјектираат 170 милиони евра, а прогнозите одат до таму дека е можен вкупен промет и до 250 милиона евра за овие три дена, соопшти Заев.

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Божиновска со австриската министерка Клаудија Плаколм и раководството на ЕВН Македонија

ДЕСК

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

ДЕСК

Инфлацијата ја изеде минималната плата – владата без слух за ново зголемување

ДЕСК