Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Важна вест за родителите чии деца почнуваат на школо – Владата објави веб страница која треба да знаат учениците и родителите

Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, ги повикуваме учениците и родителите, да ја посетат викендов. На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата, соопштија од Владата.

Главениот и единствен приоритет на Министерството за образование и наука во овој период е да ги надминеме предизвиците и успешно да ја започнме, но и завршиме учебната 2020/2021 година и покрај тоа што се соочуваме со Ковид-19, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК