Во Германија денеска почна првото судење поврзано со експлозиите што во септември 2022 година ги оштетија гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море.
Пред судот е поранешен украински воен офицер Серхиј Кузнецов, кого германското обвинителство го сомничи дека бил дел од операцијата за поставување експлозив. Тој ја негира вмешаноста, а Украина повеќепати негираше дека ја организирала саботажата.


