18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Со именувањето на Ковачки, наместо демократизација Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ”

– Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Со изборот на членови на Извршниот комитет Мицкоски ја потврди режимската, криминална матрица на оваа партија, која се уште е раководена и уредувана од Никола Груевски. Наместо демократизација извршителот Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ. Со единствена цел, што подолго да ја задржи својата партиска фотелја во белиот дворец, изјави на прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

– Внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан. Дополнително, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет. Нема и не смее да има место за политика во Армијата. Припадниците на Армијата се на сите граѓани, треба да ја штитат државата и граѓаните, и во демократски општества нивното место не е во партиите, рече Костадинов.

Како по примерот на некои земји од Латинска Америка, воени лица парадираат во белиот дворец на партиски позиции. Освен во режими воод Латинска Америка и Африка, ваквите појави не постојат во ниту една западно-демократска партија. Овој чин на милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ покажува колку е очаен Христијан Мицкоски, кој поразен од граѓаните стравува за својата партиска фотелја. Со Мицкоски и Груевски ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна, антинародна и недемократска партија посветена само на одбрана на криминалот. Затоа три пати по ред се казнувани од граѓаните на избори и затоа уште долго остануваат во опозиција, изјави Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

ДИК поништи цела советничка листа на партија номинирана за Град Скопје поради починато лице

ДЕСК

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

ДЕСК

ЌЕ СЕ ПЕЧАТАТ НОВИ ЛИВЧИЊА: Погрешно распоредени бројчина на гласачките ливчиња во Ново Село привремено го стопираа гласањето

ДЕСК