22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Премиерот Заев во писмо до цариградскиот патријарх: Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност и автокефална Македонска православна црква – Охридска архиепископија со благослов и писмена одлука од цариградскиот патријарх Вартоломеј

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев испрати писмо до неговата светост, патријархот Вартоломеј, поглаварот на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул на која беше побарана негова асистенција и заложба Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да биде признаена како автокефална црква и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

„Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот“, се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

СДСМ: Честитки до македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси

M T

СДСМ: Автокефалноста на МПЦ – Охридска Архиепископија е важен историски настан

M T

СПЦ и МПЦ со нова заедничка литургија денеска во Скопје

M T

Ковачевски до МПЦ-ОА: Со особена грижа и верност ги чуваме заветите на Светите Кирил и Методиј

M T

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

M T