19.8 C
Скопје
25. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

Шахпаска: Со отворањето на градинските се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме

Одлуката на Владата за отворање на градинките беше донесена на првата владина седница која се одржа на 2-ри септември, стартот на градинките почна на 9-ти септември, оттука со отворањето на градинките, со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи, значи градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели до одлуката до 23 за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинските се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме, изјави во емисијата ТОП ТЕМА на Телма, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Владината одлука во вонредната состојба за затварање на градинските доведе до ситуација да мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи. Родителите имаа 2 седмици за да се подготват или своите деца да ги подготват за да тргнат во редовен процес на работа, значи не се работи за една седмица, туку се работи за две седмици. Согласно Протоколот којшто беше донесен уште на 29 мај, многу јасно се прецизирани критериумите, условите за згрижување на деца во услови на пандемија со Ковид-19. Тие протоколи јасно ги дефинираат како условите во градинката, однесување на вработените во градинката, бројот на деца коишто се згрижени почнувајќи од 0-2 години, како и поголемите групи на деца, рече Шахпаска.

Можеби ќе ве интересира

МТСП: Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6.8 проценти, согласно новата методологија за усогласување на пензиите

M T

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

M T

МТСП: Денес и утре портокалова фаза во цела држава-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

M T

МТСП: Градиме систем кој е праведен и прилагоден на лицата со попреченост

M T

МТСП: Во тек е етапната исплата на јулските пензии

M T

СОВЕТ ЗА РОДИТЕЛИ – Бојата на костимот за капење може да го спаси ЖИВОТОТ на вашето дете

M T