17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Вело Марковски јавно ги поткопуваше мерките за заштита од ковид 19 и ширеше страв во јавноста

– Таканаречените промени во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски да ја спаси својата фотелја во белиот дворец, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Во тоа му помага и неговиот ментор, избеганиот осуден криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.

Меѓу таканаречените освежувања во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е и Вело Марковски.

Марковски ќе остане запаметен по непостојаните ставови во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопуваше мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести.

Во јавни излагања Марковски повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со КОВИД 19.

Еднаш велеше дека тешко ќе постигнеме колективен имунитет, а само по неколку недели зборуваше дека брзо ќе сме стигнеле до колективен имунитет.

Со своето однесување, со поткопување на мерките и решенијата Марковски внесуваше паника и вознемиреност во јавноста.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени. Раководството на партијата предводено од Христијан Мицкоски е полно со деструктивни кадри, со поранешни докажани послушници на Груевски. Опозициската партија не е мрдната ниту милиметар од режимската матрица.

Со ваква кадровска понуда, ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде опозиција. Граѓаните не сакаат нечесни, неискрени и деструктивни кадри и тоа го покажаа и на изборите на 15 јули, рече Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЕСК

Малолетник претепан во Куманово

ДЕСК

Крвава масовна тепачка го потресе Скопје синоќа меѓу десетина граѓани – со болнички пренесени повеќемина тешко повредени, има уапсени

ДЕСК