Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Почина возач на автомобил кој излетал на патот меѓу селата Стојаково и Богородица

Синоќа по полноќ во полиција било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Стојаково и Богородица, се случила сообраќајна незгода во која починал 54-годишник од Стојаково.

Според информациите, тој управувал автомобил „сеат леон“, со гевгелиски регистарски ознаки, во кој како сопатник се превезувала и неговата сопруга, и во еден момент излетал од патот.

Откако пристигнала екипа на Итна медицинска помош тој починал.

Од страна на екипа од полициската станица Гевгелија извршен бил увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: По 30 години работа во стар објект, пуштена во употреба новата полициска станица во Бутел

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ НА ЛИЦЕ МЕСТО СО МНОГУ КЕШ: Уапсен маж, примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.