Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Драма во центарот на Скопје: Додека се возел со своето порше, му го попречиле патот две возила од кои излегле неколкумина и му се заканиле со пиштол и му го скршиле ветробранското стакло

13.12.2025 во 04:20 часот во СВР Скопје, А.Б.(19) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, додека управувал патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, патот му го попречиле две возила, од кои излегле неколку лица кои му се заканиле со пиштол, шри што еден од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло.

Според пријавеното, при обид да побегне удрил во паркирано товарно возило и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК