Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца мртви во тешки сообраќајки во Кавадарци

Во регионот на Кавадарици синоќа и рано утрово се случиле две одделни сообраќајни несреќи во кои животите ги загубиле двајца трактористи на возраст од 33 и 69 години.

Синоќа, околу 21.15 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „пежо“ управуван од П.М. (38) и трактор, управуван од М.З. (33), двајцата од Кавадарци.

Во незгодата починал возачот на тракторот, а возачот и сопатничката од автомобилот се здобиле со телесни повреди.

Втората незгода се случила рано утрово (9 јули), а во полиција било пријавено дека на влезот во Кавадарци, 69-годишник, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел, при што починал на местото.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК