Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре следуваат денови кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на локално невреме. . Нестабилно на повеќе места ќе биде за време на викендот, кога ќе има и намалување на дневната температура.
Прогноза за 03.07.2020
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 30°С до 37°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9
Прогноза за 04.07.2020
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8
Прогноза за 05.07.2020
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Променливо облачно и нестабилно. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7