100.000 македонски граѓани ќе добијат платежна картичка од по 9.000 денари за купување на проозводи и услуги од македонски компании.
Информацијата која пред две недели ја објави Centar.mk, предмалку ја обелодени премиерот Оливер Спасовски.
Мерката ги опфаќа сите невработени лица, барателителите на работа или социјално загрозените граѓани кои немаат поголеми приходи од 15.000 денари/месечно. Картичката ќе може да се искористи во рок од 30 дена.
100.000 македонски граѓани ќе може да ја искористат мерката и за ваучер од по 100 евра за летување во некое од летувалиштата низ Македонија. Со ова се очекува да се зајакне домашниот туризам. Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани кои примаат плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи. Ваучерите ќе може да се користат во домашните хотели или сместувачки капацитети.
Платежна домашна картичка од 3.000 денари и ваучери за кофинансирање за ИТ и дигитални вештини најави премиерот Оливер Спасовски за младите.
Мерката опфаќа ваучери од 6.000 денари кои може да се искористат за партиципација на факултет, сместување во студенстски капацитет, а студентите ќе добијат и картичка од 3000 денари кои ќе можат да ги потрошат за македонски производи. За младите ќе бидат доделени и по 30.000 денари средства за обуки за IT вештини.
За граѓаните кои останаа без работа од 11-март до 30-ти април 2020 година ќе добијат финансиска поддршка. Помош ќе добијат дури и граѓаните кои беа принудени да потпишат спогодбен отказ.
Владата најави и викенд без ДДВ. Преку поевтини цени за граѓаните потикнуваме потрошувачка и раст во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, санитарија и книги, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
ТРЕТ СЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ
👉Со овој пакет ќе бидат опфатени 730,000 корисници а вкупната помош за економијата од трите сета мерка, заедно со капиталните инвестиции и
поддршката на јавната потрошувачка изнесува 1 милијарда евра, што е близу 10% од БДП.
ШТО ВКЛУЧУВА ТРЕТИОТ СЕТ НА ЕКОНОМСКИ МЕРКИ?
💳Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги.
👉Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.
🏖 Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра.
👉Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП.
👩🎓👨🎓 Парична поддршка за студентите и средношколците од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра.
🎓🏠Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци.
💳Мерката вклучува и платежна картичка за студенти и средношколци, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.
➕
👩💻👨💻Ваучери за кофинансирање на обуки, тренизни и курсеви за ИТ и дигитални вештини.
🛍🛒Викенд без ДДВ за сите граѓани
👉Преку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.
👩💼👨💼👨🏭👩🏭Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020.
🏭 ДИРЕКТНА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО
👉Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бинисот.
👉Државна гаранција за комерцијални кредити за поддршка на Старт ап и мали и микро компании.
👉Гаранција за обезбедување на царинскиот долг – за поголем извоз и полесен пристап до суровини за домашните компании.
👉Нови 25 милиони евра за приватниот сектор – за нови пазари, конкурентност и модернизација.
👉Дигитална платформа за нови пазари за текстилните компании.
👉Поддршка за развој на домашни старт-ап продукти и услуги преку ФИТР.
👉Кофинансирање на настани и конференции со 50% финансиска поддршка од државата најмногу до 30.000 денари.
👨🌾👩🌾ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ
👉Поддршка на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка.
💳Платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците.
🍇Стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти.
🍇Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор.
👉Окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство.
👉Долгорочен закуп на пасишта.
👉Програма за финансирање на микро земјоделски компании.
👉Модернизација на земјоделство.
👩⚕️👨⚕️🥼🚑🩺
БЛАГОДАРНОСТ ЗА НАЈИЗЛОЖЕНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ!
Награда од 20% од основната плата за 2 месеци за докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија,
клиниката за инфективни болести, институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош.