СДСМ водеше вистински политики во делот на здравството, во однос на поддршката на здравствените работници и тоа го покажа и оваа здравствена криза, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ 24.
„Во 2020 година влеговме со повисоки плати на здравствените работници, 100 илјади денари е просечната плата на специјалистите во државата. На сите здравствени работници, на матичните лекари е покачена платата, покачена е капитацијата“, додаде Заев.
Инвестициите во здравството и во образованието, оцени Заев, се најважните и неопходни за вистински развој на општеството.