Centar.mk
СВЕТ

Трагедија во Мексико: вооружени напаѓачи убија десет луѓе во бар, има и ранети

Најмалку 10 лица се убиени откако вооружени напаѓачи влегле во бар во централно Мексико, соопштија локалните власти.

Четири лица со оружје во барот Лос Кантаритос, во градот Керетаро, отвориле оган врз оние што биле внатре, изјави на социјалните мрежи Хуан Луис Феруска, шеф на локалната служба за јавна безбедност.

Седум мажи и три жени се загинати, а најмалку седум лица се повредени, рече Феруска.

Еден од осомничените е уапсен, а возилото со кое патувале било пронајдено изгорено и оставено во близина.

Во престрелка меѓу ривалските картели на крајот на минатиот месец во Мексико загинаа 16 лица.

САД го притискаат Мексико да ги засили своите напори за справување со насилството, како и протокот на шверцувана дрога и оружје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ким Џонг Ун: Северна Кореја ќе продолжи целосно да ја поддржува руската политика

C +

Иран: Пронајдовме американски ракети кои не експлодираа, сега ги проучуваме

C +

Иран даде предлог за прекин на војната и отворање на Ормускиот теснец, пишува „Аксиос“

C +