На 28.11.2026 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 33-годишен жител на Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно кон неговиот татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


