Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 09.11.2026
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Претежно облачно со повремен слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Прогноза за 10.11.2026
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 11.11.2026
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Во текот на ноќта и во утринските часови со услови за слаб локален дожд во западните делови и појава на магла по одредени котлини, а потоа претежно сончево. Ќе дува слаб југоисточен ветер.


