Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што во петокот вечерта се случи на скопската обиколница „Мајка Тереза“, по клучката кај Радишани, во правец кон Тетово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 19:10 часот. Во судирот учествувале три патнички автомобили, од кои два со скопски и еден со косовски регистарски ознаки.
Повредените добиле медицинска помош, додека околностите под кои дошло до несреќата треба да бидат утврдени со полицискиот увид.


