Институциите започнаа со оперативните активности за решавање на долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка. Акцискиот план предвидува организирано заловување, ветеринарни прегледи, транспорт и привремено згрижување на животните за кои постојат правосилни решенија за одземање.
Во првата фаза е предвидено говедата да бидат сместени во капацитетите на казнено-поправните установи во Идризово и Прилеп.
Министерството за земјоделство ги координира активностите со другите надлежни институции, со цел заштита на граѓаните и нивниот имот.


