Centar.mk
КУЛТУРА

Детската ликовна работилница „Ѕвездена ноќ“ го отвора јубилејот – 40 години Ван Гог Бар

Со детската ликовна работилница „Ѕвездена ноќ“, инспирирана од творештвото на Винсент ван Гог, во сабота 6 Јуни, пред Општина Центар ќе започне прославата по повод 40-годишнината на скопскиот Ван Гог Бар – едно од најпрепознатливите урбани собиралишта во градот.

Прославата ќе биде официјално отворена во 12:00 часот од менаџерот Никола Грујоски и сопственикот Коста Димитров, по што ќе следува креативна работилница наменета за најмладите посетители. Под мотото „Ѕвездена ноќ“, децата ќе имаат можност преку боите и цртежот да се доближат до светот на уметноста и делата на Винсент Ван Гог.

По дневната програма, посетителите ќе можат да уживаат во музичка програма со настапи на повеќе диџеи и музичари, меѓу кои ДЏ Дени, ДЏ Чарли, ДЏ Илија од Салса Академија, ДЏ Вито, ДЏ Пејчи и ДЏ Диксон. Вечерниот дел од прославата ќе продолжи со настапите на Day Off и Breakdown Band.

Јубилејот „40 години Ван Гог Бар“ претставува одбележување на четири децении исполнети со музика, уметност, дружење и бројни генерации посетители кои го создаваа препознатливиот дух на ова култно скопско место.

Организаторите ги покануваат сите граѓани да бидат дел од прославата и заедно да ја одбележат оваа значајна годишнина.

Можеби ќе ве интересира

„Без повод за поводи“ од Иван Антоновски во КИЦ: Нови читања на македонската книжевност

ДЕСК

„Германско-македонски училиштен речник“ – нов водич низ светот на германскиот јазик во издание на „Арс Ламина“

ДЕСК

„Матица македонска“ ги објави „Сопатници“ и „Писма од Норвешка“ од Исидора Секулиќ

ДЕСК