Centar.mk
КУЛТУРА

Отворена изложбата „Архив на живот“ на Марија Пољакова

Во Малиот салон на Домот на културата „Кочо Рацин“ се отвори изложбата „Архив на живот“ на Марија Пољакова, магистер по моден дизајн.

Изложбата претставува визуелно истражување на различните животни фази на жената, раскажани преку облеката како носител на спомени, емоции и идентитет. Од детството и првите самостојни избори, преку важните животни пресвртници, па сè до зрелоста и староста, секое дело прикажува препознатлив момент од женското искуство.

Преку перспектива на моден дизајнер, Пољакова ја поставува облеката во центарот на уметничкиот израз, истражувајќи ја нејзината улога како сведок на личните промени, општествените очекувања и колективната меморија. Претставените женски фигури не раскажуваат една конкретна биографија, туку симболизираат искуства во кои различни генерации жени можат да се препознаат.

Делата се изработени во дигитална сликарска техника, со минималистички композиции, стилизирани силуети и експресивна употреба на боја и форма, при што акцентот е ставен на облеката и нејзината симболика.

Изложбата „Архив на живот“ е реализирана со поддршка на Домот на културата „Кочо Рацин“ и Министерството за култура и туризам.

 

Можеби ќе ве интересира

Силјан: Македонската книжевност заслужува иднина поголема од нашите биографии

ДЕСК

Виктор Спасески ја претставува Македонија на претстојниот Европски шампионат во слем-поезија

ДЕСК

Три книги од „Арс Ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година

ДЕСК