Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Дај им прст ќе ти ја лапнат цела рака: Струмичанец дал 100 денари на жена, кога таа видела дека има полн паричник го ограбиле

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 31-годишен маж од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против 22-годишна жена од истиот град поради сомнение за „соизвршителство“ во врска со „разбојништво“.

На 31.10.2025, во Струмица, второпријавената побарала пари од 82-годишен маж, кој ѝ дал 100 денари, но кога видела дека со себе носи поголема сума, заедно со првопријавениот и со употреба на физичка сила му одзеле 14.000 денари. По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +

Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

C +

Кузеска: Тројанскиот коњ Мицкоски

C +