Centar.mk
ФОТО МВР/ФЕЈСБУК
МАКЕДОНИЈА

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

Мобилната единица на МВР санкционираше правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници, утврдени неисправни сопирачки, соопшти МВР.

Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на деца), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 85 патника, додека дозволено по сообраќајна дозвола е максимум 48 патника, односно возачот Ј.Д. (63) од Скопје, превезувал со автобусот 37 патника (деца) повеќе од дозволеното.

Над возилото извршен е и вонреден технички преглед во овластена станица за технички преглед од страна на стручни лица, при што е утврдена техничка неисправност на возилото, односно неисправност на уредите за сопирање (сила на кочење на работна кочница и помошна кочница) и уредите што овозможуваат нормална видливост (скршено ветробранско стакло).

Против правниот субјект, одговорно лице во правното лице и возачот Ј.Д. (63) од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидените санкции, додека возилото е исклучено од сообраќај се до отстранување на недостатоците.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

ФОТО МВР/ФЕЈСБУК

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК